Земјоделец од државата Орегон заработи 10.650 долари како награда за освојување на шампионатот за најголема тиква. Тој одгледал тиква со тежина од 805 килограми.
Тед Стар на возраст од 45 години, од градот Плезент Хил во Орегон, планира со парите од наградата да го одведе семејството во Дизниленд, во Флорида. На второ место на натпреварот што се одржа во Халф мун беј беше тиква тешка 690 килограми. Минатата година на овој натпревар беше победник тиква со скромни 32 килограми.