Косово стана 214 земја членка на Меѓународниот атлетски сојуз, одлучија првите луѓе на ова организација на состанокот во Пекинг.
Следејќи го примерот на Меѓународниот олимписки комитет, кој уште во декември минатата година го прими Косово во полноправно членство, челниците на Меѓународниот атлетски сојуз изгласаа прием на Косовскиот атлетски сојуз во привремено членство, со целосни права и обврски, јави порталот Албеу.
На истиот состанок бил потврден и календарот на митингот на Дијамантнската лига за 2016 година, во кој нема промени. И натаму во календарот се 14 натпреварувања. Сезоната започнува во Доха на 7 мај, а завршува со финалињата во Цирих на 2 септември и Брисел осум дена подоцна.
Кон крајот на минатиот месец Косово беше примено во Меѓународната одбојкарска федерација.