Бруно Лабадија ја доби довербата на раководството на Хамбургер да го води клубот до крајот на сезоната во обид да се избори опстанок во Бундеслигата.
Лабадија беше тренер во овој клуб и во сезоната 2009/10, а како фудбалер на Хамбургер настапуваше пред 18 години.
Тој доаѓа на местото на Петер Кнабел кој доби отказ поради слабите резултати.
Задача на Лабадија е во последни шест кола да обезбеди опстанок, но и ако тоа не се случи тој ќе продолжи да го води клубот во Втората лига со оглед на важноста на договорот до крајот на следната сезона.
Хамбургер по 28.коло е на последното место со 25 бодови, четири помалку од екипите кои во моментов не се загрозени и два бода помалку од 16.место кое дава можност преку плеј-оф да се избори опстанок.