ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во среда повторно во Брисел

Од:

Преговарачките тимови на СДСМ и на ВМРО-ДПМНE во среда, по втор пат ќе се сретнат во европскиот Парламент со посредство на тројката европратеници Вајгл – Кукан – Ховит, дознава телевизија „Телма“.

Тактиката и преговарачките стратегии, се држат во тајност и во двете партии, како и при првата средба од која единствениот исход беше расположението на двете партии повторно да се сретнат.

Нов републички јавен обвинител, нов обвинител за организиран криминал, средување на состојбите во медиумската сфера и преодна влада којашто ќе ги организира и спроведе следните избори во Македонија се барањата на СДСМ како појдовна точка за излез од кризата, услови кои засега се воопшто неприфатливи за власта, која изразува подготвеност за дијалог, но не за техничка или преодна влада или за какви било оставки.

Иако јавно побараа да бидат вклучени во разговорите, на средбата задутре нема да има претставник од ДУИ.

Од партијата на Ахмети велат дека се уште е рано за тоа, бидејќи конретната ангенда за преговори не е на дневен ред, туку се уште се работи на помирување на двете партии.

Извор: МЕТА

Би можело да ве интересира

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Министерката за финансии прво повикува на средба, а потоа бега

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина