Емир Спахиќ повеќе не е играч на Леверкузен, отказот го добил после инцидентот во полуфиналето од Купот.
„Баер го раскинува договорот со Емир Спахиќ, кој беше со важност до 2016 година. Оваа одлука стапува на сила веднаш“, соопштија од Леверкузен.
Тој по поразот од Баерн физички се пресмета со обезбедувањето на стадионот и му нанесе телесни повреди на еден од редарите.
Германските медиуми тврдат дека Баер не сакал да го остави Спахиќ во тимот бидејќи соиграчите се свртеле против Босанецот.