Гардијан: Како Скопје стана новиот главен град на кичот во Европа

Од:

Британскиот весник „Гардијан“ во своето интернет издание објави текст за македонскиот главен град и за проектот Скопје 2014, со наслов „Како Скопје стана новиот главен град на кичот во Европа“.

„Прошетajте по кејот на реката кон центарот на Скопје, главниот град на Република Македонија и брзо ќе се најдете меѓу сјајни, неокласицистички згради, полни со орнаментирани колонади со нимфи на покривот. Зградите не беа таму пред пет години.

Во почетокот на април, на самиот крај на зимата отворени се терасите на кафеата кои гледаат кон новите објекти. Статуи на македонски херои, писатели и уметници поставени се на мостовите над бавните води на реката Вардар.

Долго заборавениот агол на Европа, поранешната југословенска република, започна со подигнување огромни владини згради во центарот на градот како и стотици статуи. Сега речиси завршен проект, познат како Скопје 2014 ( требаше да биде завршен минатата година), е исто толку интригантен и поделувачки како и во моментот кога беше најавен.

Проектот има две главни цели: да привлече што повеќе туристи и да се обиде да врати аспекти на историјата од соседна Грција, атрактивен е за патриотизмот на многу етнички Македонци. Чини помеѓу 200 и 500 милиони евра (во зависност со кого зборувате) и резултираше со сосема нов изглед на центарот на градот.

-Премногу е кич, но носи туристи, вели Оливер Стефановски, менаџер на хостелот Јунити, во непосредна близина на новите објекти.

Многу Македонци го проблематизираат начинот на трошење на јавните средства за проектот, а да не ги споменуваме неговите естетски квалитети. Контроверзно делува и игнорирањето на улогата на албанската муслиманска заедница во историјата на земјата. Но, нема сомнение дека, со помош на нискобуџетните летови на Виз ер, го стави градот на туристичката карта.

Во срцето на новиот изглед на центарот на градот е 22-метарска висока бронзена статуа на Александар Велики, опкружена со војници и фонтана која е во центарот на ноќно лајт-шоу. Во близина, статуи на поранешните владетели и светители се чини дека се сместени во огромен број насекаде каде имало место за тоа, заедно со своја сопствена Триумфална порта.

Наспроти Александар, преку реката, огромна статуата на Филип Македонски, со рака крена кон небото, гледа назад.
„Јас дефинитивно ја сакам оваа нова област на градот повеќе од старата. Ја покажува нашата историја “, вели Анета Ѓаковска, сопственик на мал локален ресторан.“, пишува Гардијан.

Странските посетители доаѓаа во Скопје првенствено за да талкаат низ прекрасната стара чаршија, со дрвореди, џамии и стара тврдина на врвот. Но, сега тие можат за помалку од пет минути по пиење турско кафе меѓу луѓето и архитектура која нема да биде невообичаена за традиционален град на Блискиот Исток, да бидат опкружен со класична европска архитектура.

Мислењата се поделени, но проектот Скопје 2014 сигурно го направи градот еден од најнеобичните главни градови во Европа“, пишува Гардјан.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски