Четвртфиналистот од Лигата на шампионите Монако без проблем постигна победа на синоќа одиграниот натпревар од 32.коло од француската Лига 1. Монако го совлада Каен со 3:0 на негов терен, а стрелци на головите беа: Ентони Мартиал во 29.минута и Бернардо Силва во 64.минута и во 84.минута. Со овој триумф Монако се искачи на третото место на табелата со 58 бодови, додека Каен со 38 бодови остана на 12.место.
Седум натпревари од оваа рунда ќе се одиграат во недела, а двојките се: Сент Етиен – Нант, Евиан – Лил, Ленс – Лориен, Ремс – Ница, Рен – Гемгапм, Тулуз – Монпеље и Бордо – Олимпик Марсеј.
Вечерва се игра финалето на францускиот Лига куп меѓу ПСЖ и Бастија. Натпреварот Олимпик Лион – Бастија од 32.коло ќе се одигра на 15.април, додека ПСЖ и Мец ќе играат на 28.април.
Табела: ПСЖ 62 бода, Олимпик Лион 61, Монако 58, Олимпик Марсеј 57, Сент Етиен 53, Бордо 51,…