А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

За велигденските празници 24-часовна здравствена заштита

by А1он09/04/2015 - 16:25130
Share0

Министерството за здравство соопшти дека за време на претстојниот празник и продолжен викенд се обезбедува континуирана здравствена заштита на граѓаните преку дежурства во здравствените домови и службите за итна медицинска помош, како и преку организирани дежурства од матичните лекари.

Добивај вести на вибер

Од Здравствен дом-Скопје информираат дека за празничните денови е обезбедена 24 часовна здравствена заштита на граѓаните преку 8 дежурни пункта во: Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Чаир, Идадија, Бит Пазар, Ченто, Јане Сандански и Драчево, како и во Службата на Итна медицинска помош, што е редовна воспоставена практика за сите неработни денови, во недела и државен празник. Исто така, в сабота (11 април) е организирано редовно дежурство на специјалистичката служба во Поликлиника Букурешт во периодот од 8 до 16 часот, каде ќе се вршат прегледи закажани преку МојТермин, додека за петок и понеделник нема закажано прегледи.

Инаку, во сите општини во државата се обезбедува 24-часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Здравствен дом Штип обезбедува континуирана здравствена заштита на населението во Итната медицинска помош со покриеност од 24 часа.
Здравствен дом Велес-Службата за Итна медицинска помош и домашно лекување има организирано 24 часовна континуирана здравствена заштита за време на празникот и продолжениот викенд.

Во Здравствен дом Куманово дежурната служба (ноќна амбуланта) ќе работи од 08 до 24 часот, Итната медицинска помош – континуирано од 08 до 20 часот и од 20 до 08 часот, а Домашна посета од 08 до 20 часот.

Во Здравствениот дом Кочани Итната медицинска помош за време на престојниот празник (сите денови од петок до понеделник) ќе пружа 24- часовна здравствена заштита со екипи од доктор, сестра и возач. Изготвени се распореди за подготвеност на екипи за повик, а во ноќните часови на располагање на Итната медицинска помош ќе биде обезбедена и дежурна служба при Здравствениот дом.

Здравствен дом Струмица организира дежурства во амбулантата на Итна медицинска помош во Струмица и во Ново Село за пружење здравствена заштита на населението од општина Струмица, Василево Босилово и Ново Село.

Здравствен дом Гевгелија организира здравствена заштита во Стар Дојран и тоа: од петок до понеделник во периодот од 09 до 21 часот во амбулантата која се наоѓа во Стар Дојран.

Во рамки на Здравствениот дом Валандово, Службата за ИМП ќе функционира како и во другите денови, односно во текот на 24 часовно работно време (дежурство), и ќе бидат организирани дежурства по укажана потреба.

Здравствениот дом Битола организира континуирана здравствена заштита преку Службата за Итна медицинска помош, во смени од 8 часови, во тек на 24 часа.

Во рамки на Здравствениот дом Прилеп – функционира Службата за Итна медицинска помош со 24 часовно работно време во тек на викенд и државни празници.

Здравствените домови во Крушево, Ресен, Демир Хисар обезбедуваат континуирана здравствена заштита на населението во тек на 24 часа, а во рамки на Здравствениот дом Кавадарци, Службата за Итна медицинска помош ќе работи 24 часа, како и амбулантата на ИМП, која функционира 24 часа во денот.

praznici

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:05

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on26/12/2023 - 19:58

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска31/05/2023 - 09:13

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:57

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен