Уапсен мажот осомничен за убиство на две лица во Суд во Милано

Од:

Италијанската полиција го уапси мажот кој денеска отвори оган во Апелацискиот суд во Милано, при што уби две лица, објави на својот налог на Твитер италијанскиот министер за внатрешни работи Анџелино Алфано.

Тој појасни дека полицијата го уапсила напаѓачот во град северно од Милано.

– Тој сега се наоѓа во станица на Карабињерите, рече Алфано.

Според полицијата, уште најмалку едно лице е рането во нападот.

Мажот е идентификуван како Клаудио Џардело. Тој беше обвинет во случај за намерно предизвикување банкрот на компанија.

Претседавачот на Апелацискиот суд Џовани Канзио изјави дека судијата, кој се занимава со случаите на банкрот, Фернандо Киампи е меѓу убиените.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Карабињерите запленија 2.700 килограми кокаин, скриен во керамички банани

Пет работници загинаа во Палермо

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески