Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше три позиции на најновата рејтинг листа на ФИФА објавена денеска. „Црвено-жолтите“ од 108. се искачија на 105.место.
Скокот се должи на нерешениот резултат од пријателскиот натпревар со Австралија на 30 март во Скопје.
Македонските фудбалери пропуштија да направат поголем напредок, затоа што на 27 март загубија дома од Белорусија со 2:1, репрезентација која по овој триумф скокна дури 15.позиции на ФИФА листата и сега е 83.та.
Од другите селекции кои се во евро-квалификациската група заедно со Македонија, најкдобра е Шпанија (10.место), Словачка е 20.та, Украина се наоѓа на 33.место, додека Луксембург е на 137.позиција.
Во ТОП 10 покрај Шпанија се наоѓаат и: Германија, Аргентина, Белгија, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија.
Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 7.мај.