Екипата на Баерн Минхен се избори за полуфинале во Купот на Германија, откако синоќа по изведување пенали беше поуспешна од Баер Леверкузен со 5:3.
Основните 90 и дополнителните 30 минути завршија нерешено и без постигнат гол па победникот се решаваше со удари од 11 метри.
Клучна за победникот беше одбраната на Мануел Ноер уште во првата серија, за до крајот сите играчи да реализираат.
И вториот синоќешен четвртфинален дуел беше решен преку пенали. Третолигашот Арминија Билефилд со 5:4 ја елиминира Борусија Менхенгладбах. По 120 минути игра беше 1:1.
На натпреварите одиграни во вторникот:
Волфсбург – Фрајбург 1:0,
Борусија Дортмунд – Хофенхајм 3:2 (2:2 по основните 90.минути).