(ВИДЕО) Ромите ја пееја „Џелем, џелем“ пред Владата

Од:

Химната на ромскиот народ „Џелем, џелем“ денеска се пееше пред Владата каде стотина ромски граѓани протестираа со барање за поголеми права и незадоволни од лошите услови во кои живеат. Протестот беше организиран по повод 8-ми април, Денот на Ромите, а почна како марш од Топаанско поле, од каде демонстрантите тргнаа кон Влада.

Таму беа прочитани барањата на ромската заедница до државата и фактите кои говорат за највисок степен на невработеност кај оваа етничка популација. Освен проблемот со невработенотста кај Ромите, организаторите поентираа дека Ромите живеат како граѓани од втор ред во Македонија, дека се редовно дискриминирани и етикетирани, и дека се злоупотребувани како гласачко тело.

„Маршот на гордоста и достоинството“ се одржа во организација на здружението „Романо Авази“. Од таму синоќа соопштија дека поради закани и заплашувања можно е маршот да не се одржи и барањата да не бидат предадени до Владата, но и покрај тоа маршот се одржа во мирна атмосфера.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска