Второлигашот Оксер е првиот финалист во Купот на Франција, откако во првото полуфинале го совлада Генгамп со 1:0.
Победничкиот погодок го постигна Фредерик Самаритано во 15.минута.
Вториот финалист ќе биде познат вечер по одигрувањето на дуелот меѓу Пари Сен Жермен и Сент Етиен.
Финалето е закажано за 30 мај на „Сен Дени“ во Париз.