Честитка од партијата РОМ за меѓународниот ден на Ромите

Од:

Партијата Роми обединети од Македонија (РОМ) денеска упати честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите  – 8 април.

– Одбележувајќи го овој меѓународен ден, секаде на целиот свет испраќаме порака дека Ромите постојат како народ, бараат и сонуваат да бидат еднакви меѓу еднаквите, како и да бидат респектирани и прифатени од нашето општество, се вели во честитката.

Денешниот ден, истакнуваат од РОМ, е многу важен за нас, силно и храбро насекаде се слуша гласот на Ромите. – На овој ден пред 44 години во Лондон, нашите Роми протагонисти трасираа нова епоха во светски рамки, оставајки ни непроценливо богаство за идентитетот, културата и дигнитетот на Ромите, за која сите Роми подеднакво треба да ја дадат својата заложба и борба за нашето постоење, напредок и интеграција во нашето општество, наведува партијата РОМ во честитката.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска