Во Дебарско од вчера попладне врне снег. Во градот и некои населени места снежната покривка достигна 20 сантиметри, на повисоките до 40, а на планините и повеќе.
Екипи на Македонија пат се постојано на терен, ги расчистуваат делниците кон Маврово, Струга, граничниот премин Блато, патните правци Мелнички Мост – Центар Жупа, кон Могорче и селата од Мала Река.
Локланите власти во трите дебарски општини презедоа активности за чистење на улиците и тротоарите.
Поради снегот, во првата смена има незначително отсуство од настава на учениците од пониските одделенија.
Новиот снег поволно ќе влијае врз дотекот на реките и акумулацијата „Дебарско Езеро“. Снег во овој крај имаше и лани на 16 април.
