Падна руски авион во Индонезија

Од:

Рускиот авион „Сухој Суперџет-100“ со 46 патници падна во Индонезија во близина на планината Салак. Нема знаци за преживеани патници ниту екипажот, соопшти вработен во индонезиската команија која го застапува „Сухој“. Авионот се наоѓал на четвртата станица од роуд шоуто „Добредојде Азија!“, што требало да се случи во шест земји.

Патниците од авионот биле бизнисмени, руски дипломати и новинари кои веќе ги посетиле Мјанмар, Пакистан и Казакстан. По Индонезија, авионот требал да лета кон Лаос и Виетнам.

Авионот полетал во седум часот вчера наутро по средноевропско време од аеродромот Халим Перданакусума во Џакарта и летот требало да трае 51 минута. Но, кога пилотите побарале дозвола за слетување и спуштање на висината од 3.000 на 1.800 метри, контролата на летање изгубила контакт со нив и дваесетина минути подоцна авионот се изгубил од радарот. Сите кои биле во авионот не биле достапни на мобилните телефони.

Селанец кој живее во близина на местото каде што исчезнал авионот изјавил за локалната телевизјата „ОНЕ“ дека го видел авионот како поминува над него, но не слушнал експлозија. Поради лошите временски услови авионот е пронајден денеска и нема ниту еден преживеан.

Авионот „Сухој Суперџет-100“ е прв постсоветски авион дизајниран и направен во Русија. Првиот лет го имаше во 2008 година, а првиот комерцијален лет со патници во 2011 година. Тој е надежта на Русија дека со овој модел ќе се пробие на меѓународните авиопазари и веќе има 170 нарачки.

Се уште не се знае дали авионот паднал поради механички проблеми или станува збор за грешка на пилотот.

Би можело да ве интересира

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции против Русија

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

Ердоган на самитот на Г20 изјави дека Русија има право да се брани со нуклеарно оружје