Честитка од Зоран Заев по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод најголемиот христијански празник Воскресение Христово Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, г-дин Киро Стојанов, како и до сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија.

„Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки на Вас, и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник Воскресението Христово Велигден.

На сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, и Вам лично, Ви посакувам да ги поминете Велигденските празници во духовен мир, семејна хармонија и во добро здравје.

Искрено верувам дека сите ние заедно се залагаме за создавање подобра, посветла иднина за Република Македонија кадешто меѓусебното разбирање, взаемното почитување и толеранцијата меѓу сите граѓани ќе бидат основни темели за заеднички и спокоен живот“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците