Повод за реакцијата на проф. Нестор Огинар, Македонец, кој живее во САД е исклучувањето на Јове Кекеновски од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Еве што пишува Огинар:
Како прв задграничен претставник на партијата ВМРО-ДПМНЕ на Северно Американскиот континент најостро го осудувам неморалното, неоправдано и против статутарно исклучување на Јове Кекеновски од партијата.
Го повикувам широкото партиско членство да застане во одбрана на угледот и демократските принципи загарантирани со статутот на партијата. Не смееме да заборавиме дека исклучување на еден од основачите на партијата не смее да се случи без соодветна процедура со која и се дава можност на личноста да ги објасни своите ставови. Подсетувам дека уште на Струмичкиот Конгрес на партијата во 1998 година од јавна говорница се спротивставив и предупредив за можните последици од набрзина договорената коалиција со тогаш ново формиранота партија ДА. Денес, за жал, сме сведоци на темната сенка на хегемонот на ДА во највисоките тела на првата државотворна партија на возобновената Македонска држава.
На нас, слободоумните патриоти, останува да го браниме угледот на партијата и да ги негуваме демократските принципи во нашето општество без кои немаме иднина.
Професор Нестор Огинар, Њу Уорк