Индонезиската полиција „дрогираше“ цел град

Од:

Полицијата во индонезискиот град Тангеранг ги „дрогираше“ локалните жители, кога решила да уништи три тони дрога со палење на отворен простор.

Како што објави „Дејли Мејл“, проблемот настанал кога „ароматизираниот“ густ чад почнал да се шири кон Тангеранг, кој се наоѓа на 25 километри западно од индонезиксиот главен град Џакарта.

Полициајците кои ја уништувале дрогата носеле заштитни маски и не почуствувале никакви последици од чадот, но многумина жители на Тангеранг се жалеле на главоболка и вртоглавица.

Уништената дрога вклучувала три тони мархуана, два килограми метамфетамин и над 2.500 таблети екстази.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници