Во Куманово зголемен бројот на лица со аутизам

Од:

Во Куманово се зголемува бројот на лица со аутизам последниве години, покажува бројката на запишани ученици во паралелеките за ученици со посебни потреби кои функционираат во рамки на основното училиште „Браќа Миладиновци“, информираше денеска Милена Илиќ Пешиќ, дефектолог во паралелките за ученици со посебни потреби.

– Во изминатите години секоја година се запишуваат по едно до две деца во паралелките со симпотми од аутистичен спектар, информира Илиќ Пешиќ, додавајќи оти во минатото, имало и години  кога воопшто немало запишано ученици со аутизам. Годинава, подвлече, во рамки на паралелките има седум деца со аутизам.

– Поднесовме барање до Министертвото за образование и наука за отварање на паралелка за ученици со аутизам.Се надеваме дека ќе добиеме позитивен одговор. За квалитетна работа со овие ученици потребен е простори  материјали. Образованието на овие лица е исклучително значајно за нивното понатамошно интегрирање во заедницата, изјави Илиќ Пешиќ.

Таа додава дека и  во Македонија, како и во остантите држави од светот се бележи тренд на зголемување на бројката на лица со аутизам.

Во Дневниот центар за деца со посебни потреби,пак има евидентирано 4 корисници под 18 години со аутизам, информираше Сандра Крстевска Саревска,дефектолог во центарот.

Во Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“, информираат дека нема корисници кои имаат сипмтоми на аутизам.

Во општината нема ниту една манифестација со која ќе се одбележи Светскиот ден за борба против аутизмот, кој годинава е под мотото „Вработување- предности кај аутизмот“. 

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

Изгоре куќа во Куманово, нема повредени

Сообраќајка во Куманово, тешко е повреден пешак

Потребни ригорозни санкции за оние кои ги напуштаат милениците и исфрлаат легла апелираат ветеринарите

Куманово: Две пријави за напад на ученици и еден за наставник во два одвоени случаи

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра