Индонезија подготвува нов закон за антитероризам

Од:

Владата и Парламентот на Индонезија одлучиле да донесат нов закон за спречување на тероризмот.

Според министерот-координатор за  политика, законодавство и безбедност Теѓо Еди Пурдијатно, иако сите детали не се договорени, донесувањето на поостра закон против тероризмот е ургентно, бидејки во Индонезија се поивеќе се чувствува опасноста од операциите и последиците на Исламската држава во Ирак и Сирија.

Предлогот за новите антитерористички закони антитерористички закони владата денеска официјално ги врачи на раководството на индонезискиот Парламент. Се очекува дека процедурата на донесувањето на овие закони нема да оди лесно, бидејки во претставничкиот дом мнозинството на пратеници се од партиите што не го поддржува сегашниот претседател Видодо на минатогодишните избори.

Индонезија, која има најбројна муслиманска популација во светот според сегашните закони имаше можност само да им ги одзема пасошите на учесниците во борбите во Исламската држава.

Пред соопштението дека ќе се носи нов закон, националната Агенција за  за анти тероризам соопшти дека регрутирањето на борци за Исламската држава било големо во периодот од јули до октомври минатата година, кога на боиштата на ИД во Ирак и Сирија заминале 614 индонезиски државјани.Нема податоци, но Агенцијата смета дека по овој период бројот на тие што се врбувани да заминат, или веќе заминале е поголем.

Во Индонезија во последниве шест месеци се откриени неколку логори за обучување на потенцијалните борци во Исламската држава. Сегашното законодавство не придвидува казнување на организаторите на ваквите „кампови’’, а единствено странските државјани, откриени како тренери во логорите што најмногу ги има на островот Борнео, се протерувани од Индонезија.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници