Меѓународниот ден на Ромите, 8 април (среда) е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика согласно Законот за празниците на Република Македонија.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.