Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираше на денешната прес-конференција на СДСМ на која беа објавени нови телефонски разговори.

Партијата оценува дека лидерот на СДСМ со денешниот обид му нанесува директна штета на безбедносниот систем и капацитетот на институциите задолжени за безбедноста на граѓаните и државата.

– Во минатите два месеци се изнаслушавме секакви обвинувања, манипулации и лаги, но ова денес е врвна неодговорност на Зоран Заев, не кон нас, туку кон државата, кон безбедносните служби, кон пријателските држави и кон сигурноста на граѓаните. Зоран Заев денеска им докажа и на најголемите поддржувачи на СДСМ дека свесно сака да ја наруши стабилноста на државата и да предизвика проблеми од поголеми размери. ВМРО-ДПМНЕ е сериозна партија која нема да му дозволи нему и на неговите соработници да си поигруваат со безбедноста на државата, се вели во реакцијата.

Партијата нагласува дека се почитувани сите законски процедури во постапката за опремата. – Потенцираме дека МВР веќе потврди постоење на целосна документација за оваа донација, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина