(ВИДЕО) Шапуриќ: Бараме директни интернет преноси од седниците на Советот на Град Скопје

Од:

„Советничката група на Сојузот за иднината во Советот на Град Скопје поднесе иницијатива за директни интернет преноси на седниците на Советот на Град Скопје. Сметаме дека граѓаните имаат право да бидат информирани, директно, во живо за начинот на одлучување за нивните секојдневни потреби и прашања“, рече на денешната прес конференција Зоран Шапуриќ, советник од опозициската коалиција во Советот на Град Скопје.

„Сметаме дека со оваа иницијатива се овозможува и транспарентност на работењето на Советот и очекуваме да биде подржана од сите советнички групи бидејќи навистина Советот нема што да крие во својата работа. Освен тоа како што ви е познато, седниците на Советот се закажуваат во 13:00 часот, почнуваат обично во 13:30 часот, така да еден добар дел од медиумите поради нивните други обврски, не се во можност во целост да ја следат седницата, односно седниците на Градот Скопје.

Сметаме дека на овој начин ќе се даде еден скромен придонес во подобра информираност на процесот. Исто така сме сведоци дека голем дел од општините од градовите во Република Македонија имаат можност на граѓаните директно да им го пласираат своето работење преку телевизиски преноси. Во овој случај сметаме дека не се потребни некои значителни финансиски средства и дека постојат за тоа технички предуслови и дека многу лесно може да се организира и реализира директно пренесување на седниците на Советот на Град Скопје“, рече Шапуриќ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски

СДСМ: Цените се до плафон – мерки од владата на Мицкоски нема

Горан Наумовски

Поповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВР

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина