Македонија денеска ќе биде под влијание на антициклонска студена воздушна маса. Времето ќе биде облачно, ветровито и студено.
Ќе дува засилен северен и северозападен ветар, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветар.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 23 степени.
Во Скопје и околината облачно со локален дожд и засилен северен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до 19 степени.