Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР) за утре најавува пад на температурата за седум до 10 степени Целзиусови и засилен ветер.
Во утринските часови и преку денот ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа во Повардарието, Пелагонија и во источните делови повремено ќе засилува, и на моменти ќе достигнува брзина и над 70 километри на час. Дневната температурата нагло ќе опадне за околу 7 до 10 степени, соопштија од УХМР.