Време: Претежно облачно со повремен дожд

Од:

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Ќе има појава на нестабилност, особено во попладневните часови со појава на повремен пороен дожд и појава на грмежи. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од шест до 10, а дневната од 10 до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремен дожд. Преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

До сабота вкупната количина на наврнат воден талог на места се очекува да надмине 30 л/м2, особено во западните и југоисточните делови. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен, а во сабота северен ветер.

Врнежи од снег ќе има само на највисоките планински врвови, а во сабота на надморска висина над 1500 м.

Во сабота дневните температури ќе бидат најниски и ќе се движат од 7 до 13 степени, а од недела ќе има постепено стабилизирање на времето со пораст на дневните температури.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски