Фекалии од канализацијата во центарот на Охрид денеска директно се испуштаа во водите на Охридското Езеро. Работници на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, во срцето на градот, пред очите на граѓаните денеска наместо во цистерна фекалиите ги испуштаа во езерото.
Граѓаните бурно реагираа на ваквиот начин и побараа одговорност од раководните лица задолжени за овие активности на претпријатието. И доколку има некаков проблем со канализацијата тој треба да биде решен на поинаков начин, но најмалку канализациите преку пумпи треба да бидат насочени кон Охридското Езеро.
Ваквите постапки на јавните претпријатија претставуваат закана за богатата флора и фауна во езерото. Чистотата и високиот квалитет на водата во Охридското Езеро лесно може да биде изменета поради човековата негрижа.
Ф.Ј.