Австралиските безбедносни служби овој месец спречија 230 сомнителни екстремисти да отпатуваат од аеродроми во Австралија на бојните полиња во Ирак и во Сирија.
Меѓу уапсените има и најмалку тројца тинејџери.
Откако во август контратерористичките единици се распоредија на осум австралиски аеродорми, биле проверени 86.000 патници.
Досега меѓу сто и 250 Австралијанци им се придружија на сунитските милитанти во Ирак и во Сирија.