(ВИДЕО) Владејачките партии продаваат лажен национализам за да го сокријат криминалот

Од:

Колкава е штетноста на национализмот за иднината на нашето мултиетничко општество, дали и какво влијание би имале “бомбите“ на опозицијата со “жешки“ етнички теми, која е улогата на медумите во креирањето на национализмот во општеството, дали национализмот се користи за дефокусирање од реалните проблеми на граѓаните, беа дел од темите за кои се говореше на трибината „Штетноста на националзимот во општеството“, организирана од Здружението на граѓани “Профицио“.

Професорот Мерсел Биљали рече дека сега многумина од меѓународната заедница сега се зачудени што сега во Македонија имаме длабока политичка кризи кој не е резултат само на бомбите.

Тој рече дека структурата што е на власт нема морал за да си поднесе оставка, туку треба да биде симната од власт на истиот начин како што се оджува на власт – насилно.

– Власта веќе нема политички кредибилитет, рече Биљали.

Тој стравува дека, како резултат на „бомбите“ на опозицијата, не е е исклучено власта да се обиде да предизвика меѓуетнички конфликти.

– Тука не се работи ниту за патриотизам, ниту за национализам, ниту за национал патриотизам – тоа е обична маска. Тоа е амбалажа која е атрактивна за еден слој луѓе и со помош на медиумите го ширите од тој отров, тоа е лажен патриотизам и лажен национализам, оти не е реален, тој е маска им овозможува на подземните, криминални структури да владеат. Најлесно се владее со национализам, дури и да е лажен и тоа со помош на медиумите. Знаејќи го менталниот склоп на оваа структура, најмногу се плашам дека ќе најдат десетина будали да импровизираат меѓуетнички конфликт и не сум сигурен дека нашиот систем има имунитет за такво нешто, рече професорот Биљали.

Според Мариглен Демири, активист од „Солидарност“, патриотизмот е претворен во предизборна тезга што по потреба ја вадат и албанските и македонските партии. На тој начин власта го дефокусира народот од вистинските проблеми за да гo контролира. Гради грди ѕидови меѓу етничките заедници за да полесно ги држи под контрола, зашто национализмот е главен мотор во пропагандната машинерја на власта

– Таа партија на власт ги злоупотребува сите институции на власт и веќе немаме општество, туку публика која го следи спектаклот со бомбите и секојпат очекува уште посилна бомба. Се буди полицаецот во нас и ни кажува – јас не сум одговорен за ова, рече Демири

Според него демократијата веќе не е тема што мобилизира и потребно е да вратиме кон социјалните теми со кои може да се идентификува поголем дел од општеството.

Зоран Димитровски, уредник на Фокус, го истакна примерот за неодамнешната анкета на Фокус кога новинарите направија список на можни личности кој би биле во преодната влада, кога неколкумина анкетирани го ставиле Абдулменаф Беџети на позицијата премиер – медиумите што се на линија со владата од тоа направија националистичка кампања, како да е незамисливо дека во 21 век премиер на Македонија да биде Албанец.

– Власта преку медиумите прави илузија дека албаниците никогаш нема да бидат газди тука, дека газди ќе бидат Македонците, дека нема да прави отстапки кон Грците, а идејата е дека газди треба да бидат граѓаните, според Уставот и се’ додека тоа не се разбере во овој политички контекст, нема да има промена. Двете елити на власт преку своите медиуми создаваат лажна слика и манипулација со цел да останат на власт и криминално да владеат, да ги полнат џебовите, да купуваат хацијенди и парцели. Ми е жал ако не видиме бомби и за кај албанската елита во смисла на финансиски криминал, рече Димитровски.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски