Индонезија смета дека никој нема право на целосна сувереност на територијата на Јужното Кинеско Море

Од:

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо пред неговата овонеделна официјална посета на Јапонија и Кина, во интервју за токискиот весник „Јомиури’’ изјави дека не го смета за легално кинеското тврдење за речиси целосната сувереност на Кина над Јужното Кинеско Море.

Видодо во интервјуто рече дека деветте точки со кои официјален Пекинг ги маркира границите на Јужното Кинеско Море како своја територија немаат основа во меѓународното право.

Во англиската верзија на интервјуто, објавена денеска, не се споменува ставот на Видодо за деветте точки на територијата прогласена за кинеска. Поентата на изјавата на Видодо во оваа верзија се става на залагањето на Индонезија да се формализира и прифати Кодексот за однесување меѓу државите од овој регион што имаат нерешени територијални спорови. Според овој Кодекс за споровите околу сувереноста на морската територија и неколку групи острови треба да се организираат разговори во кои ќе учествуваат Кина, Јапонија и државите од АСЕАН кои имаат претензии за нивна сувереност над делови од Јужното Кинеско Море.

Првото јавно изјаснување на претседателот на Индонезија Видодо во врска со спорот околу сувереноста на Јужното Кинеско Море денеска доби пгромен публицитет и на Филипините, кои со Кина за територијалните недоразбирања поведоа спор пред Меѓународниот суд на ОН во Хаг. Судска разрешница на иста тема со Кина пред судот во Хаг побара и Виетнам, но официјален Пекинг не ја признава надлежноста на овој суд.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници