Петгодишниот Сет Лејн од Англија кој е роден со тешко пореметување на имунолошкиот систем, испрати порака до сите луѓе на планетава на 27-ми март да облечат нешто жолто и да се фотографираат, а потоа сликите да ги објават на „Твитер“.
Мајката на ова момче кое што уште е познато и како „момче од балон“ бидејќи поголем дел од својот живот поминало во стерилна околина, на семејниот блог на интернет напишала како изгледа нивниот живот и однос со синот, како и тоа дека не смее да биде со него кога е болен.
Пред да влезат во неговата соба, родителите и сите останати посетители мора темелно да ги измијат рацете и да облечат болничка облека.
Според наводите, првата трансплантација на коскената срцевина не била успешна, па неговиот татко Ник го фотографирал со жолта хартија во рацете на која стои молба до луѓето да го подржат пред втората операција.
Инаку по првата операција Сет цели две години не смеел да го напушти „балонот“ ниту да си игра со други деца.
-Немаше никакви контакти со други деца, додека не наполни повеќе од две години – вели неговата мајка.
Минатата година во октомври Сет тргнал на училиште, запознал други деца но повторно се разболел и морал да се врати во својот „балон“, стерилна соба во Детската болница во Њукасл.
Е.Г.