Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со слаб локален дожд, на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата од 4 до 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од источен правец. Температурата до 12 степени.
Во вторник ќе има преодно стабилизирање на времето.
Од среда под влијание на серија влажни и релативно топли воздушни бранови ќе има нови врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни. Ќе дува умерен, повремено и засилен југоисточен ветер.