Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Златан Ибрахимовиќ со вчерашниот хет-трик против Лориен изби на третата позиција на вечната листа на стрелци на актуелниот француски шампион.
Шведскиот интернационалец сега има 99 погодоци и потребен му е уште еден да се изедначи со Доминик Росето кој со 100 погодоци е на второто место.
Прв стрелец на парижаните е Пулета со 109 голови. Тој до ова достигнување дојде за пет години и 211 натпревари, додека Ибрахимовиќ до бројката 99 стигна за помалку од три години и 122 натпревари.