Два грабежа во Куманово

Од:

Две маскирани лица од кои едното вооружено со пиштол, синоќа околу 21 часот ја ограбиле продавницата „Стена Маг” на улицата „Октoмвриска Револуција” во Куманово.

Како што информира МВР, со закана, тие од касата одзеле 21.650 денари и ваучери од ВИП оператор, 15  во вредност од 200 денари, а 20 од 100 денари, стекнувајќи противправна имотна корист од околу 26.650 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Две маскирани лица од кои едното вооружено со пиштол синоќа, исто така околу 21 часот, ја ограбиле продавницата „Спринг Бобан“ ДООЕЛ на улицата „Народна Револуција” во Куманово. Откако влегле и се заканиле на вработените, од касата одзеле 24.000 денари.

МВР презема мерки за нивно пронаоѓање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници