Научници од Станфорд неодамна дошле до откритие за кое веруваат дека би можело да биде ефикасен лек за леукемија.
До откритието дошле додека ја проучувале акутната лимфоцитна леукемија, која настанува кога клетките во раниот стадиум на развој не се во состојба да се диференцираат во нормални клетки, бидејќи во тек на развојот ги изгубиле мобилните молекули кои се одговорни за нивниот развој.
Со оглед на тоа што ова е најопасниот вид на леукемија научниците сакале да дознаат нешто повеќе за оваа опака болест. Тие морале да пронајдат начин како болните клетки да ги одржат во живот надвор од телото на пациентот.
-Ги стававме во разни супстанции за да пронајдеме начин како да ги одржиме во живот-вели Рави Мајети, главниот научник во овој проект.
До неверојатното откритие дошле кога болните клетки ги ставиле во раствор кој содржел одреден вид здрави клетки. Болните клетки набргу започнале да го менуваат својот облик и да ја прифаќаат карактеристичната морфологија на белите крвни зрнца.
Научниците откриле дека клетките од растворот имаат слични гени со клетките на леукемија кои ги поттикнале во потполност да се развијат, создавајќи од нив сосема нормални и безопасни клетки.
Е.Г.