Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 15 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб ветер претежно од северозападен правец.
Утринската температура ќе се спушти до минус четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Од недела во попладневните часови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, само на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.
Врнежите ќе бидат со променлив, а во понеделник во западните и јужните делови со обилен интензитет.