Бранителот на трофејот во Лига Европа шпанската екипа Севиља во четвртфиналето од ова натпреварување ќе игра против рускиот тим Зенит. Ова е една од двојките извлечени денеска во Нион.
Двете украински екипи во првите натпревари од четвртфиналето ќе бидат домаќини: Днипро ја пречекува екипата на Бриж, додека Динамо Киев за ривал ја доби Фиорентина. Германски Волфсбург за противник го има тимот на Наполи.
Првите натпревари се играат на 16.април, а реванш дуелите на 23.април. Финалето ќе се одигра на 27.мај во Варшава.