Ахмети се сретна со норвешкиот амабасадор Камсваг

Од:

Претседателот на ДУИ Али Ахмети на денешната средба со амбасадорот на Норвешка Нилс Рагнар Камсваг разговарале за актуелните политички случувања во Македонија, за аферата со прислушување, како и за евроатланската интеграција на земјата.

– Претседателот Ахмети истакна дека Европската Комисија треба да стане дел од олеснувањето на решавањето на големиот проблем со масовно нелегално прислушување во земјата и враќање на политичкиот дијалог. Овластениот политички тим од ЕК и дополнет со правни и истражни експерти, во соработка со локалните власти треба да придонесе за политичкиот дијалог во земјата и во обелоденувањето на аферата земајќи предност довербата на сите инволвирани страни, се наведува во соопштението од ДУИ.

Партијата смета дека политичкиот дијалог треба да се стави во прв ред и со меѓународно посредување додека решавањето на ситуацијата мора да биде резултат на конструктивната волја на политичките партии во земјата преку вистински дијалог.

– Ова прашање треба да се надмине што поскоро и сите партии да се фокусираат кон приоритетите на земјата, евроинтеграцијата, посочуваат од ДУИ.

Ахмети на средбата повикал на директен ангажман на меѓународната заедница во решавањето на спорот за името бидејќи само така се овозможува одржлива стабилност, добри меѓуетнички и добрососедски односи, но и економски развој.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче