Вечерва во преполната сала „Борис Трајковски“, Металург убедливо го совлада словенечкиот претставник Горење Велење со резултат 30-23.
Ова е втор триумф по ред на ракометарите на Металург во групната фаза од Лигата на шампионите.
Најефикасни на натпреварот беа Манасков и Георгиевски од Металург и Доленец од Горење Велење со по седум голови, а Наумче Мојсовски постигна пет погодоци. Голманот Станиќ го заврши натпреварот со 14 одбрани.
Следниот натпревар е против данскиот клуб Силкеборг 14-ти октомври во Данска.