Кипарскиот претседател бара оставка од Гувернерката на централната банка

Од:

Претседателот на Република Кипар побара оставка од гувернерката на централната банка на државата Христала Јоргаѕи, соопшти пред новинарите официјалниот претставник на владата Никос Христодулидис.

Претседателот нема друг избор, освен да упати молба до главниот обвинител да ги разгледа фактите и да се повика на Уставот со цел Јоргаѕи да биде сменета од функција, изјави Христодулидис, додавајќи дека за одлуката е информиран и претседателот на Европската централна банка Марио Драги.

Според владиниот портпарол, кипарскиот претседател смета дека довербата кон централната банка и лично кон него е сериозно нарушена.

Христала Јоргаѕи е именувана на гувернерската функција пред една година. Таа подолго време е цел на остри критики од страна на политичарите бидејќи променила услови од својот договор, како и дека прикрила факти, поврзани со нејзиниот сопруг.

Нејзиниот сопруг раководи со правна компанија, што ги претставува интересите на поранешниот шеф на кипарската Народна банка „Лајки“ Андреас Вгенопулос. Исто така, тој е под истрага за неговата улога во банкротот на оваа втора по големина кредитна институција во Кипар.

Проблемите на кипарската банка беа една од причините, што ја принудија кипарската влада да побара од ЕУ и ММФ кредитна помош со цел да избегне банкрот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Кипар во „дупка“ од 2,24 милијарди евра поради пандемијата

Жарко Настоски

Прв смртен случај од Коид-19 на Северен Кипар

Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто

Ана Ололовска

Грција, Кипар и Израел денеска во Атина ќе го потпишат договорот за гасоводот EastMed

Ана Ололовска