Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец.
Температурата ќе се движи од 5 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Температурата до 14 степени.
Утрово минимални температури се измерени -3 во Маврово и Берово, -2 Скопје-Петровец и Лазарополе, -1 Крушево, Битола и Куманово, 0 Кр. Паланка, Струмица и Претор, 1 во Скопје-З.Рид, Прилеп, Кавадарци, Дебар, Демир Капија и Пожар, 2 во Охрид, Тетово, Штип и Виница, 3 Гевгелија, Ѓуриште и Тополчани и 4 степени во Дојран.
Утре ќе се задржи сончево време со умерена облачност. Во среда во текот на денот ќе се спушти посвежа воздушна маса од североисток, која ќе услови локални слаби врнежи од дожд, проследени со умерен северен ветер и опаѓање на дневната температура. Променливо облачно со повремен локален дожд и со умерен северен ветер ќе преовладува и во четврток. Потоа во наредните два дена облачноста ќе се намали, а дневната температура повторно ќе биде во пораст.
