Лидерот на ДПА Мендух Тачи потврди дека разговарал со премиерот Никола Груевски ДПА да биде дел од владата, објави Алсат-М.
– Се уште не се дефинирани министерските места и директорските позии во државните институции кои нам ќе ни припаднат – изјави Тачи.
За сите актуелни случувања во државава, но и за случајот со струшкиот градоначалник, Тачи најави дека ќе се разговара на редовниот партиски конгрес закажан за 21 овој месец.