ССНМ бара Миленко Неделковски да биде санкциониран

Од:

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници, по пријавата добиена од новинарот Мери Јордановска, за вербалните напади и сексуалното вознемирување од страна на авторот на фејсбук страната на Миленко Неделковски бара од надлежните институции да преземат сè тоа да биде санкционирано.

ССНМ како член на Меѓународната федерација на новинарите за случајот ќе го информира Извршниот комитет на Советот за родова рамноправност, а воедно ги повикува сите свои членови да се солидаризираат во ставот дека сексуалното вознемирување со непредизвикани вербални напади преку социјалните мрежи се неприфатливи и за целосна осуда.

Нема ништо смешно, симпатично, ниту разбирливо во изложување на една жена на непристојни и вулгарни коментари, но за жал, сексуалното вознемирување, родовите стереотипи и дискриминацијата се честа појава и во медиумската индустрија. Синдикатот смета дека е тоа проблем за кој не смее да се молчи.

ССНМ ги охрабрува колешките да не ги игнорираат проблемите и никако да не се чувствуваат на каков било начин одговорни за тоа што им се случува, туку да реагираат и гласно да ги именуваат сторителите. Во таа смисла ја поздравуваме храброста и решителноста на колешката Јордановска која одбива да ја прифати улогата на жртва и која се спротивстави на ниското и вулгарно третирање на кое некој сака да ја изложи.

Би можело да ве интересира

Филков: Без слободата на медиумите нема вистина, правда и одговорност

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество