Фрчат пораки за присуство на собирот на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Преку целиот ден се интензивира праќањето смс пораки по членството на ВМРО-ДПМНЕ но и кај вработени во администрацијата за присуство на собирот на ВМРО-ДПМНЕ во недела во салата Борис Трајковски.

Пораките се со патриотски набој, дека со присуството ќе се даде поддршка на националните интереси и ќе се штити државата. Од кого и што не е објаснето. Во А1он пристигнаа пораки од неколку членови, кои ги добиле од општинските комитети, и велат дека цел ден им пристигнуваат на нивните телефони.

Screenshot_2015-03-14-18-20-401

-Големината на Македонија лежи во нејзините луѓе, длабоко во нашите корени, во секој еден од нас. Уште еднаш да ја покажеме големината на Македонија и цврстата решителност на ВМРО-ДПМНЕ за чување и одбрана на националните и државните интереси. Ве покануваме утре недела, во 12 часот во спортската сала Борис Трајковски на голем собир од каде ќе се испрати јасна порака за иднината на државата, пишува во една од пораките исраќана во Прилеп.

Пред два дена во Битола пак се праќаа пораки со кои се инсистираше на задолжително присуство на сите вработени во администрацијата.

11006451_10203640650125550_1116872076603581470_n

Јове Кекеновски како актуелен член на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека собирот во недела е само очаен обид на Груевски да покаже дека сеуште ја има контролата врз партијата,а дека луѓето се носат со притисоци и закани во Скопје.

Т.Ц.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски