ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема ниту еден проект зад себе

Од:

Дрскост е тоа што СДСМ, партијата која нема ниту еден проект зад себе, ги критикува тие кои што градат и што имаат оставено многу проекти зад себе. Во време на СДСМ не се градеа ниту гасоводи, ниту патишта, ниту железнички пруги или било каква друга инфраструктура, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на соопштението на опозициската партија.

– СДСМ ги држеше граѓаните во економско ропство, притоа избркаа 200.000 луѓе од работа, затворија стотици стопански капацитети во сите делови на Македонија, спроведоа криминална приватизација и им овозможија на своите олигарси да го приграбат општествениот капитал, додека стандардот на граѓаните стрмоглаво опаѓаше, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата, како што се наведува во текстот, ја интересираат потребите на граѓаните и оттука ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните и ќе продолжи да гради автопати, локални и регионални патишта, да инвестира во водоводи, канализации, во изградба и реконструкција на училишта, болници, градење на железнички пруги и изградба на гасоводната мрежа во државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина