Баер Леверкузен го совлада Штутгарт со високи 4:0 синоќа во првиот натпревар од 25.коло од германската Бундеслига.
Домашните фудбалери со трите освоени бода остануваат при врвот, додека Штутгарт е последен на табелата и се поблиску до втората лига.
На денешните шест натпревари се среќаваат: Аугсбург – Мајнц, Хофенхајм – Хамбургер, Херта – Шалке, Вердер – Баерн Минхен, Ајнтрахт – Падерборн и Борусија Дортмунд – Келн.
Утре играат: Волфсбург – Фрајбург и Борусија Менхенгладбах – Хановер.
Табела: Баерн Минхен 61 бод, Волфсбург 50, Баер Леверкузен 42, Борусија Менхенгалдбах 41, Шалке 38, Аугсбург 38,…