Павле Трајанов за РСЕ: Не е прислушувано од странски служби

Од:

Коалициониот партнер на ВМРО-ДПМНЕ, Павле Трајанов инаку екс министер за внатрешни работи за Радио Слободна Европа вели дека не е точна тезата на власта дека во земјава прислушувале тајни служби.

Според него одговорноста за прислушувањето паѓа врз власта. Материјалите кои ги објавува опозицијата Павле Трајанов ги оценува како автентични. Тој побара транспаретна постапка од јавниот обвинител.

„Јавниот обвинител мора да спроведе една опширна јавна транспарентна истрага и тие информации коишто се презентирани на еден или друг начин да ги документираат и зависно од тоа дали тие ќе се покажат како точни информациите, да спроведат соодветна постапка, инаку нема сомнение дека се работи за автентични материјали“, вели Трајанов, кој додава и дека според досегашните информации во јавноста повеќе од јасно е дека системите во МВР, како што додава, биле употребени или злоупотребени за прислушување. Затоа тој нагласува дека одговорноста паѓа врз власта, бидејќи државата мора да има контрола“, вели Павле Трајанов за Радио Слободна Европа.

Целиот текст можете да го прочитате на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски

Експлодира бомба во Загреб, оштетени се два објекти, нема повредени

Горан Наумовски