Кучето Френки има способност да открие карцином на тироидна жлезда кај лица, пред лекарите да ја дијагностицираат болеста, а тестовите покажале дека во 88 проценти од случаите било во право.
Овој овчар е дресиран да легне и да го намириса карциномот во примерок од урина, но и да се сврти доколку анализите се добри.
Во рамки на експеримент на Универзитетот во Арканзас, тоа помирисало урина на 34 пациенти и само во четири случаи погрешило, што значи дека во 88 проценти од случаите поставило точна дијагноза.
-Она што ние го направивме се уште никој не се обидел да го направи. Побаравме од него да ни каже, дали постои карцином, пред лекарите да постават дијагноза- вели раководителот на истражувањето Арни Ферандо, кој кучето го нашол на улица.
Научниците се надеваат дека кучињата, ќе може да се користат за откривање на карцином на штитната жлезда и други облици на оваа болест, со што би се намалиле трошоците и би се спречиле непотребни операции.
Во соработка со експерти на Програмата за проучување на способноста на кучиња на Универзитетот Оберн, научниците на Универзитетот во Арканзас планираат да обучуваат кучиња специјално одгледувани за откривање на болести.
Е.Г.