Македонија се најде на 108. место на денеска објавената ФИФА ранг листата за месец март. Во однос на минатиот месец „црвено-жолтите“ бележат пад од четири позиции.
Во ТОП 10 има само една промена. Италија се врати мешу најдобрите десет селекции каде веќе не е Шпанија.
Шпанците се на 11.место и се најдобро пласирана селекција од квалификациската група во која настапува Македонија. Од другите репрезентации во оваа група Словачка е на 22. место, Украина е 31.ва Белорусија се наоѓа на 98.место, а Луксембург е на 136. позиција.
Следното рангирање ФИФА ќе го направи на 9 април.